Температурите во најстудениот град во светот паднале на -50 степени Целзиусови, јавува Си-Ен-Ен.
Градот Јакутск во источен Сибир, кој е познат како едно од најстудените места во светот, доживува невообичаен долг удар на студ.
Јануари е најстуден месец и иако се навикнати на ниски температури, жителите превземаат дополнителни мерки за да останат стоплени.
-Не можете да се борите против тоа, изјавил за Ројтерс еден од жителите кој на себе имал два шала, повеќе пара ракавици, капа и качулка.
-Или ќе се прилагодиш и облечеш во согласност со времето или ќе страдат. Само треба топло да се облечеш, слоевито, како зелка, изјавил друг жител.
Во Јакутск живеат помалку од милион жители, а зимите во него може да бидат екстремно студени. Во 2018 година било толку многу студено што некои жители изјавиле дека им смрзнале трепките.