Учесничката во ралното музичко шоу „Америка има талент“ Кечи Оквучи ги остави без здив сите откако ја изведе песната „You are the reason“, во понеделникот вечерта.
Пејачката која настапи во финалето на „Америка има талент 2017“ ги воодушеви сите со својот вокал, но предизвика и искрен коментар од Сајмон Куел кој не остави никого рамнодушен.
-Ќе бидам искрен, сето ова не ми се допадна многу, рече тој па по драматичната пауза го притисна златниот тастер и ги шокираше сите во салата.
Инаку 28 годишната девојка од Хјустон на 16 години преживеала авионска несреќа во која загинале 107 патници од вкупно 109. Таа има претрпено повеќе од 100 операции за да ги лечи изгорениците и другите белези на себе. Докторите и даваа 30 проценти шанси за преживување, а по опоравувањето започнала да се занимава со музика која како што вели и го спасила животот.