понеделник, 11. март 2024. Вести денес: 0
home Занимливости

ЈА РЕШАВАМЕ ДИЛЕМАТА НА СЕКОЈА ДОМАЌИНКА! Ова е моментот кога треба да го ставите капакот на тенџерето

ЈА РЕШАВАМЕ ДИЛЕМАТА НА СЕКОЈА ДОМАЌИНКА! Ова е моментот кога треба да го ставите капакот на тенџерето

При купување на садови за готвење, речиси секоја домаќинка внимава дали доаѓаат со капак. Сепак, ретко која жена знае кога е вистинскиот момент да го стави капакот

Познатата готвачка Марта Стјуарт ја открива тајната што мачи многу домаќинки – што треба да се готви покриено, а кога капакот не е потребен.

Главната функција на капакот е да ја задржи топлината. Ако сакате нешто да зоврие, задолжително ставете капак на тенџерето. Ќе заштедите не само струја туку и време потребно за подготовка на јадењата, како макарони, шпагети, супа и слично.

Кога водата ќе достигне точка на вриење, време е да го отстраните капакот. Доколку целта ви е да ја задржите влагата – на пример, кога тенџерето со супа, чорба или сос веќе ја има вистинската текстура, но сакате да продолжите да го готвите зеленчукот и да мешате вкусови, тогаш оставете го капакот за да спречите испарување на течноста.

Ако сакате јадењето да ви остане топло и да не се исуши, задолжително оставете го покриено. За готвење на пареа и пржење, треба да ја задржите и влагата и топлината, па кога готвите на овој начин, треба постојано да го држите капакот за да добиете совршено вкусни оброци.

Ако јадењето ви е премногу ретко и сакате да испари водата од него, тргнете го капакот и оставете го нежно да се крчка. Вишокот вода наскоро ќе испари и храната ќе има погуста текстура.

Никогаш не ставајте го капакот при пржење или печење. Печењето ви дава вкусна, карамелизирана кора, исто како и пржењето. Ако, на пример, пржите шницли или компири, отстранете го капакот. Влагата ќе го направи вашето јадење повеќе варено отколку пржено и нема да ја има таа вкусна кора.