Маж од Кентаки ја тужел компанијата во која е вработен откако била игнорирано неговото барање, роденденот да не му се прославува во компанијата. Причината била оправдана бидејќи Кевин Берлинг страда од анксиозно пореметување.
Од компанијата добил отштета од 450.000 долари поради занемарување на поднесената молба и одржување на прослава.
Медицинската лабораторија „Gravity Diagnostics“, го игнорирала барањето на вработениот, неговиот роденден да не се слави. Според зборовите на адвокатот Тони Бучер, вработениот разговарал со организаторот на роденденски прослави, но лицето кое било одговорно за тоа заборавило на неговото барање.
Во компанијата била приредена прослава за Кевин на која тој доживеал анксиозен напад на паника. Морал да замине до својот автомобил, да вежба техники на дишење, да јаде, по што му сипратил на својот менаџер порака со известување дека неговото барање е игнорирано.
Следниот дел, Кевин од колегите бил критикуван поради реакцијата која ја има, па тој одлучил да поднесе тужба против компанијата. На работа соработниците барале од него да престане да користи механизми за соочување и да се „гушне самиот себе“.
Според тужбата оваа расправија предизвикала нов паничен напад кај Кевин и тој бил избркан од работа.
Судот му одредил отштета од вкупно 450.000 долари. 120.000 долари поради изгубени палти и бенефиции, 30 долари за идни изгубени плати и бенефиции, 300.000 за мината, сегашна и идна ментална болка, страдање, срамота, понижување, но и губење на самодовербата.
Од компанијата истакнале дека одлуката на судот е сериозен преседан за работодавачите и вработени.