Само една непријатност и едно видео биле доволно за два уништени автомобили и штета од барем од половина милион долари.
Јутјуберот „WhistlinDiesel“ стекнал имиџ на лице кое за добро видео ќе уништи и скап автомобил. Очигледно тоа му се исплати бидејќи последното видео направило поприлична штета. Имено, по возењето по пченкарно поле скапоценото Ферари се запалило и целосно изгорело.
Јутјуберот за новото видео се упатил во Вако во Тексас, а изборот паднал на скапоценото „Ferrari F8 Tributo“. Наместо да ужива на асфалтот во италијанското егзотично спортско возило, тој влегол во пченкарно поле. Иако не било на листата на конструкторите на „Ferrari“, автомобилот оваа задача ја поднесувал стоички сè додека работите не излегле од контрола.
Снимателската екипа во „Chrysler“ која го следела Ферарито забележала чад од просторот на моторот и го предупредила возачот на опасната ситуација. Пожарот почнал да се шири од просторот на издувниот состав, а иако екипата на располагање имала само неколку енергетски пијалаци, било јасно дека ништо не стои на патот на неговото ширење.
А сувите остатоци од пченката по кои возело Ферарито се и тоа како запаливи. Меѓутоа, неверојатно е дека во паника никој не видел дека се запалил и Крајслерот. Успеале од возилото да ги изнесат само личните работи.
Пожарникарите на самото место пристигнале за неколку минути, токму на време за да спречат дополнително ширење на пожарот. На автомобилите секако им немало спас.