вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

Кафетеријата во Белград ги тргна мечињата- еве ја причината (ФОТО)

Кафетеријата во Белград ги тргна мечињата- еве ја причината (ФОТО)

Изгледот на беградската кафетерија „Гардош” ги освои и граѓаните на овој град, но и сите што го видоа нивниот празничен амбиент, објавува Fashionel.

Многумина посакаа да можат да го посетат, а голем број на луѓе и го сторија тоа. Сепак тој, очекуван или не, наплив на луѓе, го примора тимот на кафетеријата да ги тргнат мечињата, а причините за одлуката ги соопштија на социјалните мрежи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Cafeteria Gardoš (@cafeteriagardos)

„Драги наши,

Ви се обраќаме во име на нашиот локал кој со години го градиме и сакаме и вложуваме огромна енергија за да ви ја пренесеме сета љубов и посветеност кои ги негуваме кон оваа работа. Вие, досега, тоа со сето срце го ценевте и ја забележувавте секоја наша иновација и труд. Благодариме на тоа.

За жал, до сега најубавата работа и магија која сакавме да ја создадеме и оваа чудна година да ја направиме навистина посебна, доведе до тоа да мораме да се откажеме од идејата за нашите мечиња поради огромното внимание и концентрација на луѓе која се случи поради нив.

За сега, тие ќе мора да почекаат некое поубаво време и некоја нова бајка, бидејќи нам на прво место ни е вашата и наша безбедност.

Со цел одржување на добро здравје и здрав разум, моравме да преземеме комплетна одговорност и да го направиме овој чекор. Секој наш апел или молба за почитување на мерките беа протолкувани како непрофесионализам, па дури и немарност да им угодиме на сите.

Во тој онтекст, мораше да дојде и до тоа нашите мечиња да се повлечат и да почекаат некое поздраво време. Се надеваме дека и понатаму ќе уживате во омиленото кафе, чаша добро вино и нашите слатки, а нам ни е бескрајно жал што овој меден момент моравме да го запреме.

Останете ни здрави и ведри“, се вели во соопштението.

По оваа нивна одлука, луѓето упатија различни коментари, некои изразија желње што морало да дојде до тоа, други пак ја поздравија нивната одлука, честитајќи им на одговорната работа, на некои им се допадна што конечно ќе можат на мир да го испијат своето кафе, а други пак се пошегуваа – „Кој се сликаше – се сликаше“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Cafeteria Gardoš (@cafeteriagardos)