Дали ви се случува омилените бели чорапи да не може да се исперат доволно добро, па постојано да купувате нови?
Со едноставен трик може да престанете да го правите тоа и да научите како да им ја вратите белата боја на чорапите.
Решение за бели чорапи:
Измешајте 5 литри топла вода во сад со лажица сода бикарбона и сок од еден лимон. Мешавината е силна и нагризувачка, па пожелно е да носите ракавици.
Откако ќе ги измешајте состојките, оставете ги чорапите да киснат во мешавината – лимонот и содата имаат плус дезинфекциско својство.
Откако ќе се натопат добро, време е да ги исчистите највалканите делови, односно кај петите. Земете плочка сапун и тријте го местото кое сакате да го исчистите.
Ако нечистотијата е од неодамна, ќе ви биде потребно помлку време, но ако станува збор за застоена нечистотија, ќе биде потребно повеќе време.
За најдобар ефект, оставете ги чорапите во мешавината по 2-3 часа.
Потоа исплакнете ги чорапите и ставете ги во машина со останатите чорапи и облека.