среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

Како да ги отстраните масните дамки од каучот? ДВА трика по кои мебелот ќе ви биде како нов!

Како да ги отстраните масните дамки од каучот? ДВА трика по кои мебелот ќе ви биде како нов!

Штотуку купивте кауч и веќе сте го извалкале?

Знаеме, мрсните дамки на мебелот звучат како ваш најлош кошмар и се чувствувате како никогаш да не можете да му ја вратите поранешната слава.

Сепак, со помош на следните две ефективни решенија, вашиот тросед наскоро ќе изгледа како нов.

Сода бикарбона

Посипете ја дамката со сода бикарбона и оставете ја да отстои еден час.

Ќе откриете дека сода бикарбоната ќе ја впие маснотијата, па на местата каде што се дамките таа ќе потемни.

Потоа користете шпатула за да го отстраните вкоренетиот прав и втријте детергент за миење садови во дамката и потоа исплакнете.

Можеби ќе треба да го повторите процесот на сода бикарбона уште неколку пати додека не се апсорбира целата маснотија.

Талк или бебешка пудра

Доколку немате сода бикарбона, тогаш испробајте го следниот трик.

Потребен ви е талк во прав или некаква пудра, која е одличен отстранувач на дамки од масло.

Извалканото место посипете го со пудра и оставете го да отстои додека не ја впие целата маснотија, а потоа исчеткајте го со мека четка за облека и ќе видите дека дамката ќе исчезне.