среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

Како да се ослободите од непријатниот мирис од фрижидерот: Еден трик го решава проблемот

Како да се ослободите од непријатниот мирис од фрижидерот: Еден трик го решава проблемот

Состојка која сите ја имаме дома е прва помош за овој проблем

Непријатност која барем еднаш му се случила на секој од нас е моментот кога го отвораме фрижидерот и не обзема непријатна миризба. Првата реакција најчесто е да се утврди дали во него останало нешто гнило, а кога ќе се утврди дека не, останува прашањето како да се ослободите од непосакуваниот мирис?

Мешавинаta од мириси составена од најразлични намирници може лесно да се неутрализира.

Најпрво, отстранете ги од фрижидерот сите намирници кои можеби го предизвикале несаканиот мирис.

Избришете ги сите полици, преуредете ги намирниците и сад наполнет со сода бикарбона ставете во фрижидер и затворете ја вратата, советува „Recipes.timesofindia.com“.

Оставете го да отстои неколку часа.

Овој трик треба да ги неутрализира непријатните мириси од фрижидерот.