вторник, 2. јануари 2024. Вести денес: 0
home Занимливости

КАКО ГРЦИТЕ ГИ ФАРБААТ ЈАЈЦАТА ЗА ДА БИДАТ СИЛНО ЦРВЕНИ: Нема да си ги изгорите прстите, се е едноставно, а резултатот е чиста магија (ВИДЕО)

КАКО ГРЦИТЕ ГИ ФАРБААТ ЈАЈЦАТА ЗА ДА БИДАТ СИЛНО ЦРВЕНИ: Нема да си ги изгорите прстите, се е едноставно, а резултатот е чиста магија (ВИДЕО)

Јајцата традиционално се бојадисуваат на Велики петок, а сите знаат дека првото мора да биде црвено. Ја симболизира пролеаната крв на Исус Христос за време на мачењето, а кај народот е познато како чувар на куќата и се чува до следниот Велигден.

Оваа традиција ја почитуваат и Грците кои ги бојадисуваат јајцата на малку поинаков начин, а тоа е безбедна техника која ќе овозможи бојата да трае долго. Наместо да се варат во црвена боја, тие само ги оставаат 5 до 10 минути да ја впијат, а потоа ги премачкуваат со масло.

Состојки:

12 кафени јајца, 4 чаши вода, 1 чаша оцет, 1 пакетче црвена боја за јајца, капка масло.

Подготовка:

Во тенџере сипете вода, а кога ќе зоврие додадете ги јајцата и оцетот. Покријте го тенџерето и оставете ги да се варат 15 минути. Потоа внимателно префрлете ги јајцата во сад со ледена вода и оставете ги уште 5-10 минути. Ставете ја бојата во чаша, а потоа додадете ја водата во која се варени јајцата. Добро измешајте, па повторно истурете во тенџерето. Вратете ги јајцата во бојадисаната вода и оставете ги околу 5-10 минути. Извадете ги во чинија обложена со салфетки и оставете ги да се исушат. Ставете масло на памук и премачкајте го секое јајце.