Еве како да постигнете интензивна црвена боја на јајцата.
Црвената е традиционална боја која прва ја користиме кога ги бојадисуваме велигденските јајца. Ја симболизира пролеаната крв на Исус Христос за време на мачењето и распнувањето на Велики петок. Првото јајце, чуварот, мора да се обои црвено, и да се остави до следниот Велигден.
Денес постојат многу техники за украсување и бојадисување јајца, а за повеќето од нив најчесто се потребни фабрички бои кои се полни со хемикалии. Интензивна цветна боја можете да добиете по природен пат со помош на овошје и зачини, а еве како.
Сок од вишни
Ако сакате вашите црвени јајца да имаат исклучително интензивна црвена боја, користете сок од вишни. Постапката е иста како и за бојадисување со кромид – во тенџере ставете ги јајцата, прелијте ги со сокот од вишни, со додавање малку сол и оцет. Во сокот сварете ги јајцата и оставете да се изладат.
Мелена пиперка
Во литар вода истурете четири лажици мелен пипер, со малку сол и оцет и сварете ги јајцата. Внимавајте да не користите лути пиперки, бидејќи лутото може да навлезе во лушпата во самите јајца.