вторник, 12. март 2024. Вести денес: 0
home Занимливости

КАКО НАЈЛЕСНО ДА ЈА ИСЧИСТИТЕ ФРИТЕЗАТА? Овие совети ќе ви помогнат!

КАКО НАЈЛЕСНО ДА ЈА ИСЧИСТИТЕ ФРИТЕЗАТА? Овие совети ќе ви помогнат!

Фритезата е еден од апаратите кои редовно се мастат, па затоа треба редовно да се чисти. Искусните домаќинки открија како лесно можеме да го исчистиме овој уред

Вообичаено се користи големо количество масло за приготвување на храната во фритеза, што може да ве наведе да помислите дека нејзиното чистење е ноќна мора. Сепак, треба само да ги следите овие чекори.

1.Исклучете ја фритезата
2.Проверете дали маслото е целосно ладно
3.Завиткајте ги каблите со крпа или салфетки

Сега кога ги презедовте сите неопходни мерки, време е за чистење. Фрлете го маслото од фритезата, а потоа отстранете ја решетката. Ставете една шолја алкохолен оцет, половина чаша вода и две лажици течност за миење садови во шише со распрскувач.

Решетката и внатрешноста на фритезата посипете ги со сода бикарбона, па попрскајте со домашниот производ што сте го направиле. Се прелива со топла вода и се остава 30 минути.

После тоа, исцедете ја водата, па со сунѓер изгребете ја внатрешноста и исчистете ја мрежата со жица или со нож. Исплакнете сè со чист сунѓер и млака вода. Резултатот ќе ве воодушеви, а фритезата ќе биде веднаш подготвена за употреба.