Општопознато е која е целта на Први април – среќа и смеење, но не е познато од каде потекнува. Како настанал Денот на шегата и каква е неговата историја?
Она што е уште поинтересно е фактот дека не постои точно дефиниран одговор на поставеното прашање, постојат само теории. Еве и пет најинтересни факти за овој весел празник.
Библијата
Потеклото на овој интернационално признат ден датира уште од библиски денови, кога историјата на човештвото првпат почнала да се запишува. Оваа теорија истакнува дека празникот на шегата се слави кога Ное, по првпат пуштил гулабица да провери дали водата од големата поплава се повлекла. Дека тоа било на први април потврдено е и во Хебрејската Библија, како и во 71 сури на Куранот.
Уште една теорија зборува дека Исус бил пратен од страна на Понтие Пилат до Ирод и назад токму на овој ден. Овој пат често е нарекуван и како залудна работа, т.е. како шега. Па токму поради тоа се смета дека тој ден од тогаш се смета и како Ден на шегата.
Рим
Шегите кои се одвивале на 1 април исто така датираат од времето на древниот Рим. Се смета дека Римјаните и Келтите празнувале фестивал на шегите во време на пролетната рамнодневница која се случува близу до Денот на шегата.
Исто така, постои и древен римски мит кој зборува за богот Плутон и неговото киднапирање на Просерпина, божица на житото и жетвата. Мајката на Просерпина можела само да го слушне гласот на својата ќерка и залудно ја барала по огромните пространства на подземниот свет. Ова исто така, како и кај случајот со Исус, се сметало за залудна работа.
Префрлање од Јулијанскиот на Грегоријанскиот календар
Римјаните и Хиндусите Новата година ја славеле веднаш по пролетната рамнодневница, која паѓа на 20 или на 21 март. Во средниот век, поголемиот дел од Европа на 25 март го славел празникот Благовести, како почеток на празнувањето на Новата година. Славењето траело една недела, се до 1 април. Папата Грегор 12 во 1582 година наредил почитување на грегоријанскиот календар, според кој Новата година се прославува на 1 јануари.
Бидејќи народот никогаш не бил склон на прифаќање на нови правила во секојдневниот живот, многумина одбиле да се покорат на календарот на папата Грегор и продолжиле да ја слават Новата година околу 1 април. Тие кои го прифатиле новиот календар, тој ден правеле шеги на сметка на неинформираните, исмевајќи ги нивните застарени слави.
Британска култура
Една од теориите е поврзана за британскиот крал од 13 век. Имено, овој крал секој пат кој го поминувал, го прогласувал за јавно добро. Еднаш на 1 април, планирал да помине низ дел од градот Нотингемшир. Кога ги слушнале плановите на кралот, граѓаните се одлучиле да не му дозволат да влезе во градот. Кралот поради тоа испратил војска, за да ги казни непослушните граѓани, но кога војската стигнала, цел град се впуштил во будалести активности, како што е давење риби на суво. Кога слушнал како се однесуваат жителите на овој град, кралот го прогласил градот за премногу глупав за казна.
Завршува во 12 часот, на пладне
Иако е еден од најпопуларните интернационални празници, малку луѓе знаат дека времето за шеги е дозволено само до 12 на пладне.