вторник, 13. февруари 2024. Вести денес: 0
home Занимливости

КАКО ШМИНКАТА ДА ВИ ОПСТАНЕ И НА ПЛУС 35 СТЕПЕНИ? Светли усни и тонирана крема наместо пудра

КАКО ШМИНКАТА ДА ВИ ОПСТАНЕ И НА ПЛУС 35 СТЕПЕНИ? Светли усни и тонирана крема наместо пудра

Дури и кога мислите дека асфалтот се топи, шминката може да остане на вашето лице, велат професионалните шминкери. Со соодветна нега на кожата, изборот на шминка и начинот на шминкање, дури и на +35 секоја жена може да изгледа тип-топ, без течна пудра и руменило.

Еве како:

Како прво, најважно е кожата на лицето да биде добро хидрирана. Не заборавајте да ја чистите кожата секое утро и вечер. Користете препарати со полесни состојки како алое и витамин Ц. Пилинг е доволно да се прави два пати неделно за да се отстрани вишокот на маснотии, кој се таложи повеќе во лето поради потењето. Користете дневен крем со заштитен УВ фактор, бидејќи спречува сушење на кожата. Поради високите температури чувајте ја кремата за лице во фрижидер, бидејќи така ќе го зачувате составот на кремот, а кога така оладена ќе ја нанесете на лицето, ќе ја поттикне циркулацијата.

По кремата, на чиста кожа нанесете тенок слој подлога за шминка. Вашата шминка ќе трае подолго. Наместо пудра, во лето користете тонирани креми. Тие нема да ги затнат порите и кожата ќе може да дише. Дури и коректорот може да послужи како пудра – нанесете го на местата на лицето каде што имате мали неправилности.

Заменете го руменилото со бронзер и така благо ќе го исконтурирате лицето, што лесно се прави со четка. Розовите нијанси одлично се вклопуваат со исончаниот тен. Ваквиот бронзер му дава свежина на лицето, само внимавајте да не претерате за кожата да не блесне премногу.

Во лето избегнувајте ги сенките, бидејќи создаваат „тежина“ на очните капаци. Доволна е линија на водоотпорен молив за очи или креон. Задолжително користете водоотпорна маскара, бидејќи така ќе бидете сигурни дека нема да се размачка.

Никогаш не користете мат кармини во лето бидејќи тие ги сушат вашите усни. Истакнете ги усните со кармини во светли бои, бидејќи, судејќи според светските трендови, тие се полн погодок ова лето.