Еден работник во Мелбурн, Австралија освои 46,6 милиони американски долари на лотарија откако по грешка уплатил две ливчиња со исти бројки, пишува „Дејли меил“.
Мажот уплатил едно ливче во Сент Албанс, а речиси заборавил дека неколку дена претходно веќе уплатил уште едно ливче со исти бројки на друго продажно место.
Секое ливче поединечно му носи добивка од 23,3 милиони американски долари, а џекпотот бил толкав затоа што никој друг немал добивка во последните неколку седмици.
Уште еден добитник освоил 23,3 милиони долари во Хобарт и допрва треба да ја преземе добивката.
Во случај мажот да уплатил едно ливче добивката би се поделила на двајца и тие би добиле по 35 милиони долари.
Но, бидејќи едниот играч уплатил две ливчиња, наградата е поделена на три дела и на тој начин едниот од добитниците добил две третини од џекпотот, односно 46,6 милиони долари.
Добитната комбинација била 12, 28, 24, 29, 9, 18 и 25, а дополнителните броеви биле 13 И 31.
Мажот кој уплатил две ливчиња вели дека истите бројки ги игра 30 години и дека е можно сега да се пензионира, да купи нова куќа, а можеби со семејството ќе замине на одмор.