понеделник, 13. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

Кинез осуден на 9 дена затвор поради мимика: Полицијата тврди дека ги исмејувал, луѓето го бранат

Кинез осуден на 9 дена затвор поради мимика: Полицијата тврди дека ги исмејувал, луѓето го бранат

Маж од Кина е осуден на девет дена затвор откако испратил мимика во eдна чет група во која се потсмевал на полицијата. Овaa мимика набрзо стана вирална на кинеските социјални мрежи.

Човек идентификуван само со презимето Ли, испрати контроверзна мимика преку социјалната мрежа We Chat во група во која корисниците споделуваат негативни коментари за моменталната ситуација со коронавирусот.

Полициската станица објавила скриншот од преписката на која се гледа споменатата мимика, но подоцна ја избришала фотографијата.

Мимиката покажува куче облечено во полициска униформа кое во едната рака држи полициска значка и покажува со показалецот во другата.

Хаштагот кој е објавен под споменатата фотографија е споделен повеќе од 170 милиони пати, пренесува CNN.

Во меѓувреме, голем број граѓани протестираа против затворањето на овој човек, наведувајќи дека ова е престрога казна за една шега.

Полицијата подоцна соопшти дека тој со своите постапки направил штета и дека е соодветно казнет.