Мајра Ангел, келнерка од Лас Вегас ги шокирала сватовите на својот поранешен љубовник, Кори Перлсон, затоа што пред венчавката направила лажен профил на Инстаграм под името „Летна афера“. А таму ставала фотографии од нејзе и младоженецот.
Под секоја од тие фотографии стоел хаштагот предвиден за венчавката.
Имено, Кори Перлсон и избраничката на неговото срце, долгогодишната девојка Брајана Ехланд, одлучиле на Инстаграм да користат хаштаг #theperlsons, под кои сите нивни гости би ставале фотографии од прославата на гламурозната венчавка во дворецот Охека на Лонг Ајленд.
Келнерката тврдела дека со младоженецот имала афера во текот на минатата година.
Тој и Брајана Ехланд, инаку вработена како една од извршните директори на Трамп и тогаш биле во врска. Младоженецот негирал дека некогаш бил во некаква врска со Мајра.
Мајра толку се заљубила во Кори што дури и ги тетовирала неговите иницијали на ребрата.
Инстаграмот на кој беа објавени фотографиите е изгаснат после венчавката, но секој кој ги пребарувал фотографиите од свадбата можел да види кого младоженецот љубел минатата година и дека верноста не му е посилна страна.
Венчавката сепак не била откажана, а новопечените сопружници побарале на келнерката да и се определи мерка забрана за пристап.