Несвесниот ум опфаќа ментални процеси кои ѝ се недостапни на свеста, но кои влијаат на расудувањето, чувствата или однесувањето.
Според Фројд, несвесниот ум е примарен извор на сè во човековото однесување. Тој сметал дека најважниот дел од умот е токму оној “скриен” дел и дека нашите чувства, мотиви и одлуки се под влијание на нашите минати искуства, зачувани во несвесниот ум.
За да дознаете што се крие во вашата потсвест, решете го овој тест:
Што здогледавте прво – лисица или делфин?
Лисица – вие сте позитивни и романтични
Ако најпрвин забележавте лисица, вие сте позитивни и романтични по природа. Оваа слика претставува илузија на зајдисонце поради портокаловата боја, а на втор поглед станува слика од животно. Вие имате силна врска со природата и барате некој со исти животни вредности.
Врски: Слободата за вас е многу важна. Не ви сметаат долгорочните врски сè додека не се чувствувате заробено во истите.
Делфин – вие сте интелигентни и смирени
Доколку најпрвин забележавте делфин, вие имате софистициран карактер. Сакате големо семејство и се грижите за сите, дури и за своите роднини на кои никогаш не им ги заборавате родендените. Љубезноста, мирот и хармонијата го опишуваат вашиот карактер.
Врски: Што се однесува до вашиот љубовен живот, барате интелигентна и мирна личност. Многу сте шармантни и луѓето обожуваат да бидат околу вас.