сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

Кои градови се најголемо разочарување за 2022 година?

Кои градови се најголемо разочарување за 2022 година?

Постојат многу дестинации во светот кои се сметаат за најдобри, според содржината што ја нудат и според вкупниот број туристи кои ги посетуваат секоја година.

Меѓутоа, многу од нив, меѓу кои и најпознатите, ги разочарале туристите – Париз дефинитивно е на прво место.

Париз или Париски синдром е термин кој се користи во туризмот за да се опише една посебна состојба. Експертите ја дефинираат оваа состојба како нарушување кое се манифестира како напад на гнев, конфликт помеѓу високите очекувања и бруталната реалност што ја доживуваат туристите при посетата на Париз.

Голем број на туристи се разочаруваат кога по долго планирање ќе стигнат до посакуваната дестинација и ќе сфатат дека работите се сосема поинакви во реалноста. Ова нарушување првично било дијагностицирано кај Јапонците, кои доживеале вистински „нервен слом“ при посетата на Париз. Парискиот синдром понекогаш е толку силен што разочараните туристи кои го посетуваат Градот на светлината доживуваат физичка мачнина, забрзан пулс, па дури и халуцинации.

Париз е секогаш очигледен избор, но сè повеќе туристи известуваат дека е навистина преценета дестинација. Сепак, Париз е далеку од единствениот град кој не ги исполнува очекувањата на туристите.

Мрежата за складирање на багажот „Radical Storage“, одлучила да провери 826.000 TripAdvisor рецензии за 100-те најпосетувани градови во светот за да открие кој град е најлошо рангиран.

Кои дестинации најмногу ги разочарале туристите?

Оваа година Париз го симна од тронот американскиот град Орландо – има најголем процент на негативни критики. На второ место е главниот град на Индонезија, Џакарта, а на трето е Патаја од Тајланд. Покрај нив, град кој најмногу се опишува како преценет е и Да Нанг од Виетнам.

Прага, од друга страна, е најнезабележителна со 3,9 отсто од сите прегледи. Туристите најмалку го споменале овој град во негативен контекст. Меѓутоа, кога се во прашање негативните критики, градот кој најмногу се споменува кога станува збор за измамите е Маракеш од Мароко.

Кои дестинации ги воодушевиле туристите?

Сите три дестинации на врвот на листата се европски градови без море. На прво место е Будимпешта, а потоа следат Брисел и Цирих. Туристите ја фалат и Будимпешта поради нејзината прекрасна архитектура и пријателските луѓе. Брисел и Цирих имаат дури 96% позитивни критики од туристите.