вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

„Кој би го носел ова“: Новите фармерки се доказ дека модата “забега“ (ФОТО)

„Кој би го носел ова“: Новите фармерки се доказ дека модата “забега“ (ФОТО)

„Дали се сериозни?“, „Кој би го носел ова?“, „Наречете ме старомодна, но јас сакам моите фармерки да имаат задник“, „Кој ли си помисли дека ова би било следниот голем тренд“… Ова се само дел од коментарите на збунетите клиентки на Asos кои наишле на необичниот модел на „фармерки“ кои не го покриваат задникот.

Непрекинато се нижат исмејувања за креацијата која го носи потписот на брендот The Ragged Priest и чини 85 евра.

Сепак, тоа очигледно не е единствениот смешен модел, бидејќи кориснички на Twitter споделија фотографии и од други слични панталони.