Колекционерот на пасоши, како што се претставува на „ТикТок“, објави видео во кое зборува за, како што вели, неговиот омилен пасош.
Станува збор за југословенскиот пасош на рудар по име Мијо Шебаj, кој живеел во Бриње, Хрватска. Иако пасошот од средината на триесеттите години на минатиот век, како што вели, е во лоша состојба, тој го фасцинирало тоа каде патувал рударот.
– Патуваше во Персија, па во Иран, па преку Советскиот сојуз, така што има повеќе ирански марки, тој има и полска, француска транзитна, белгиска, а потоа и иранска, не знам што толку минираше во Иран – сегашниот сопственик коментира пасош што се користел до 1942 година.
@passport.collector♬ original sound – user521809357565
Потоа, некаде во 1938 година, рударот отпатувал за Германија.
– Погледнете го ова, досега не сум видел германска виза или работна дозвола. Тука пишува Берхтесгаден, каде што бил домот на Хитлер. Еве го продолжувањето на важноста на пасошот на амбасадата на Југославија, и ова е интересно, има и печат на Независна држава Хрватска од 1942 година, а на врвот повторно е нагласено дека станува збор за рудар – колекторот наведува во видеото.