недела, 10. декември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

Колинда е ѕвезда во Индија: Тие се убедени дека хрватската претседателка нема пари, па затоа сама кречи дома (ФОТО)

Колинда е ѕвезда во Индија: Тие се убедени дека хрватската претседателка нема пари, па затоа сама кречи дома (ФОТО)

Веројатно ни самата хрватска претседателка, Колинда Грабар Китаровиќ не знае дека е многу популарна во Индија и тоа на социјалните мрежи, а сигурно и било изненадувачки кога видела дека таму ја сметаат за една многу сиромашна жена.

Таму кружат фотографии како претседателката сама го кречи својот стан, со следниот текст:

-Претседателката на Хрватска сама го кречи својот стан затоа што нема пари да изнајми работници. Би можела да изнајми ако украла пари. Нашите водачи носат одела од милион рупии и часовници вредни уште неколку милиони и велат дека работат чесна работа. Ја поздравуваме.

Некој Индиец може и ќе поверува во оваа приказна, но луѓето од Балканот тешко.