четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

Колку често треба темелно да ја миете четката за заби?

Колку често треба темелно да ја миете четката за заби?

Иако многу луѓе сметаат дека брзото испирање на четката за заби под проточна вода е доволно за да остане чиста, експертите за орална хигиена велат дека четките за заби исто така треба да се мијат темелно одвреме-навреме.

„Устата содржи многу добри и лоши бактерии кои меѓусебно комуницираат и обично добрите бактерии во устата ги ‘контролираат’ лошите, но на четките за заби тие многу полесно се размножуваат“, објасни д-р Марк Б. Дезрозир, доцент на Стоматолошкиот факултет при Универзитетот во Бостон.

Затоа, додава Дезрозир, четката треба редовно да се дезинфицира.

„Четките треба да се дезинфицираат еднаш на секои две недели или еднаш неделно ако е студено или сезона на грип“, рече Дезрозир.

Како темелно да ја исчистите четката за заби?

Без разлика каква четка имате, стоматологот вели дека четката секогаш се чисти од дното нагоре. Прво, вели тој, исчистете ја насобраната паста за заби на дното со помош на течен сапун и топла вода.

Потоа, само главата или целата четка, ако главата не се одвојува, се потопува во чаша со 3% хидроген пероксид, најмалку 15 минути.

„Тоа ќе помогне да се отстранат остатоците од паста за заби и бактериите од влакненцатана четката“, вели Дезрозир, кој додава дека ако немате хидроген пероксид при рака, можете да користите и антибактериско средство за плакнење на устата.

„Откако ќе ја исплакнете главата на четката во пероксид, држете ја под млаз топла вода и нежно тријте ги влакната со палецот за да ги отстраните преостанатите честички од паста за заби и пероксид“, објасни тој, и по тоа темелно чистење, оставете ги влакната да се исушат сами со струење на воздухот. Не ја сушете четката за заби со фен или грејно тело.

Четката за заби чувајте ја во отворен сад за да се суши сама од една до друга употреба.

„Истражувањата покажаа дека топлата и влажна средина предизвикува размножување на разни микроорганизми на четките, така што тие треба да се чуваат на поладно и суво место“, рече Дезрозир, додавајќи дека кутивчињата за главата за четката се добри за патување, но не и за секојдневна употреба.

„Дури и ако редовно ја чистите темелно на овој начин, треба да ја заменувате главата на четката или целата четка на секои три месеци“, советува стоматологот.