Квалитетот на љубовната врска зависи од многу фактори и навики – разбирање, компромиси, пожртвуваност се првите кои ќе ви паднат на памет.
Но, она што никогаш не би ви текнало се годините, освен ако разликата не е огромна.
Сепак, изгледа дека постои математичка формула која ја крие успешноста на врската.
Според едно истражување спроведено врз 3.000 мажи и жени ширум Европа, паровите каде мажите се 5 години постари од жените имаат најголема шанса за успех.
Спротивно на тоа, врските во кои мажот е 20 години или повеќе повозрасен од партнерката, имаат најмала шанса за квалитетен заеднички живот.
Докажано е дека жените емотивно созреваат 3 до 5 години порано од мажите, па веројатно тоа е причината за оваа совршена формула.