среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

Колку години се потребни за да заработите милион евра – мапа на европските земји, еве каква е ситуацијата со Македонија

Колку години се потребни за да заработите милион евра – мапа на европските земји, еве каква е ситуацијата со Македонија

Интересна мапа е споделена на страницата „Dalmatian Mapper“, покажувајќи колку години во секоја европска држава се потребни за да заработите милион евра.

Покрај мапата наведено е дека предвид се земени просечната плата на секоја земја, па преку збир истражувачите дошле до резултат колку години би биле потребни да работите за да заработите милион евра.

На мапата земјите во кои потребни се најмалку години за да се достигне тоа, означени се со темносина боја, додека оние со најмногу години потребни да се постигне тоа означени се со темноцрвена нијанса на боја.

Кога станува збор за Македонија, таа е претставена со темноцрвена боја и бројот на потребни години изнесува 201 година. Во Србија таа бројка е 152 години, во Босна и Херцеговина 140 години, во Хрватска 87 години…

Меѓу земјите каде најбрзо може да стигнете до милион се: Швајцарија, само 15 години, следи Исланд 22 години, Данска 26 години, Норвешка 27 години.

На вториот крај се оние земји каде потребни се многу повеќе години за да стигнете до милион, а тоа се Украина со 230 години, Турција со 214, Албанија со 208 години за да заработите милион евра со примања на просечна плата, пренесува „klix.ba“.