Едно од петте најважни најважни сетила е видот. Со очите секој поединец го гледа светот околу себе. Тоа може да го дефинира карактерот на поединецот и неговиот поглед на животот.
Кај оваа оптичка илузија потребно е да изброите колку коњи гледате на истата.
Потоа може да проверите каква личност сте, во зависност од бројот на коњи кои сте ги забележале.
1.Гледате само еден коњ
Вие сте личност која повеќе се интересира за големата слика и полесно ја сфаќате целата слика отколку некои нејзини детали. Вие работите, проблемите или решенијата ги гледате во нивната целина, не губејќи време за анализа на деталите. Одлучувате брзо и едноставно.
Овие квалитети се бараат во компаниите и вие би биле извонредни во создавање на стратегии и одлучување со оглед на фактот дека сте способни да ги гледате работите „надвор“, а во главата веќе гледате што ќе се случи пет, шест чекори нанапред.
Иако овие квалитети се општо посакувани, не мора да престанете да работите на себе. Поврзете ги со знаење и искуство и ќе станете посакуван „пакет“.
2.Гледате меѓу 5 и 10 коњи
Во вас се гледа перфекционизмот. Вие не ги земате работите здраво за готово и сте посветени на вистинските работи кои имаат големо влијание на вашиот живот.
Одлучувате врз основа на информации со кои располагате, интуитивно, но разумно. И покрај вашата разумност, вашиот начин на работа може да биде многу опасен – за вас и околината. Но, ова не ве успорува, туку директно ве насочува кон вашите цели. Вашиот најголем проблем е што немате добар систем на работа.
Секогаш сте во движење и за вас не постои фаза мирување. Не е е важно дали трчате или не, вие едноставно не застанувате.
3.Гледате 11 или повеќе коњи
Имате исклучително остро око и забележувате работи кои другите тешко ги гледаат. По природа сте многу одговорни и тоа е една од причините зошто никогаш не ги пропуштате ниту најмалите детали.
Токму ова е една од причините зошто луѓето сакаат да работат со вас. Свесни се дека никогаш нема да згрешите.
За жал, перфекционизмот доаѓа со свои недостатоци. Често знаете да се најдете во ситуација во која не сте сигурни дека треба да продолжите да правите нешто или да завршите и да преминете на нова задача.
Уверени сте дека се може да биде подобро и тука настанува проблем бидејќи немате граница и не знаете кога е време да застанете.