петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

Компанија од Шведска им дава слободни денови за мастурбација на вработените

Компанија од Шведска им дава слободни денови за мастурбација на вработените

Шведската компанија за производство на сексуални играчки и кондоми „Лело“ ќе им дава слободни денови за мастурбација на своите вработени.

Овие денови официјално ќе се нарекуваат „Денови на љубовта кон себе”. Вработените ќе имаат право на четири такви денови во кои ќе можат да се посветат на својата сексуална сатисфакција, а компанијата ги охрабрува за време на тие денови да се погрижат за онолку оргазми колку што им е потребно за да се релаксираат.

Резултатите од една анкета спроведена на 2000 Британци покажаа дека најсреќни ги прават – оргазмите.

Околу 78 отсто од нив на прашањето што ги направило среќни, тие одговориле дека тоа е оргазмот, без оглед на тоа дали го постигнале со својот партнер или самостојно. 66 отсто рекле дека по оргазмот се чувствуваат попродуктивни, а 40 отсто рекле дека придобивките од оргазмот ги чувствувале и една недела подоцна.