среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

Конечно се појави Марија: Се допишуваа, таа имаше 13, а тој 53 години- наеднаш заедно исчезнаа и таа се јави сега после пет години

Конечно се појави Марија: Се допишуваа, таа имаше 13, а тој 53 години- наеднаш заедно исчезнаа и таа се јави сега после пет години

18 годишната девојка Марија Х. од Германија која исчезнала пред пет години, во четвртокот изненадувачки се јавила кај семејството.

За неа беше покрената голема потрага ширум Европа.

-Нема посреќно семејство од нашето, напиша нејзината мајка на Фејсбук.

Марија се јавила од Милано и пријателите отишле по неа во Италија.

Таа исчезнала на почетокот на мај 2013 година, кога имала само 13 години. Исчезна со мажот Бернхард Хасе, 53 годишник кој го запознала преку интернет, а кој и се претставувал како тинејџер. По него полицијата се уште трага, а следната недела ќе ја испитаат Марија за да утврдат каде била сите овие години.

Локалните медиуми пишуваат дека тие неколку пати се виделе пред да исчезнат.

Интересно, Бернхард во полиција бил пријавен и од сопствената сопруга, кога открила дека контактира со малолетници.