четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

Кубанците конечно добија мобилен интернет

Кубанците конечно добија мобилен интернет

Кубанците од пред два дена имаат можност за пристап до интерет преку нивните мобилни телефони, луксуз што досега им беше достапен само на високи владини службеници и странски бизнисмени во комунистичката островска земја.

Корисниците на овие услуги почнаа да добиваат СМС пораки од државниот телефонски оператор дека може да купат пакет со 3G услуги за пристап до мобилен интернет.

На Куба главно нема цензура на интернетот иако владата блокира одреден број на сајтови како американската радиотелевизиска мрежа Марти и други кои заговараат промена на системот на островот.

Кубанската влада дозволи користење на интернет во домаќинствата во 2017 година, а на јавни места како паркови и плоштади ширум земјата отвори точки за Wi-Fi конекција.