Заложна куќа во Самервил, во американската сојузна држава Масачусец купила виолина за 50 долари за која потоа дознале дека вреди 5.000 пати повеќе.
Вработен во заложницата ЛБЦ Бутик анд Лоун не знаел што купил кога платил за виолината на Фердинанд Галјан, рачно изработена во 1759. година, која вреди 250.000 долари.
Менаџерот изјавил дека само гудалото на овој мајстор вреди меѓу 16.000 и 18.000 долари. Полицијата соопштила дека виолината била украдена, а сега е вратена на сопственикот и оти истрагата е во тек.
Заложната куќа отсега па натаму ќе бара од луѓето кои продаваат инструменти да свират пред вработените за да бидат сигурни дека инструментите се нивни.