недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

Лавица убила лав по осум години заеднички живот во Зоолошка

Лавица убила лав по осум години заеднички живот во Зоолошка

Зоолошката градина во Индијанаполис се обидува да утврди зошто лавицата Зури го нападнала и убила лавот Нијак по осум години заеднички живот.

Зоолошката градина соопшти дека 12-годишната Зури го нападнала 10-годишниот Нијак. Тие двајца живееле заедно осум години и имале три лавчиња во 2015 година. Нијак беше позајмен од зоолошката градина во Сан Диего.

Персоналот на зоолошката градина наведе дека слушнале невообичаено големо рикање од просторот за лавови, по што се обиделе да ги раздвојат, но Зури го држела Нијак со заби во вратот додека не престанал да се помрднува.