сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

ЛЕКАРИТЕ ПРЕДУПРЕДУВААТ: Ако ги земете овие 2 ВИТАМИНИ ЗАЕДНО, може да доживеете мозочен удар

ЛЕКАРИТЕ ПРЕДУПРЕДУВААТ: Ако ги земете овие 2 ВИТАМИНИ ЗАЕДНО, може да доживеете мозочен удар

Откријте на време

Витамините во форма на таблети се дел од фармацевтската индустрија која заработува милијарди долари годишно, а најголем дел од нив ги консумираат средовечни и постари луѓе.

Сепак, одредени комбинации на витамини кои милиони луѓе ги пијат може да го зголемат ризикот од мозочен удар и срцеви заболувања, се резултатите од новото американско истражување.

Опасноста пред се е поврзана со комбинацијата на калциум и витамин Д, што ја зголемува можноста за атеросклероза, односно кога има акумулација на масни материи, холестерол, делови од мртви клетки и калциум во внатрешниот ѕид на артеријата.

Американските истражувачи предводени од професорот Сафи Кан од Медицинскиот факултет во Западна Вирџинија го објавија ова истражување во научно списание, а во него учествуваа над 277 луѓе кои страдаат од атеросклероза, а исто така ја земаle оваа комбинација на витамини.

Се покажало дека консумирањето комбинација на витамин Д и калциум ја зголемува можноста за мозочен удар за дури 17 отсто.

Истражувањата покажаа дека не постои врска помеѓу срцевите заболувања и витамините А, Б, Ц и Д, бета-каротен, калциум, железо, антиоксиданти и мултивитамини. Само фолната киселина и омега-3 масните киселини едвај имале ефект врз работата на срцето.

Она што е уште поинтересно е што лекарите од споменатиот факултет советувале да не се купуваат витамини во вид на додатоци во исхраната.

„Луѓето кои купуваат вакви витамини за да си го подобрат срцевиот ритам само ги трошат парите“, заклучил д-р Хан.