Плачењето е сосема нормална работа и е начинот на кој се бориме со тагата, емоциите, загубата…
Сепак, потребата за плачење често се потиснува под влијание на различни општествени норми.
Од луѓето денес се очекува да бидат силни, расположени, насмеани, оптимисти… Се чини дека нема простор за негативното, кое неизбежно го чувствуваме.
Чувствителноста и слабоста се осудени, па солзите стануваат непожелни.
Често слушаме од другите „не плачи, не е толку страшно“. Особено на момчињата им се кажува дека вистинските мажи не плачат, а ако плачат, тогаш ги осудуваат со зборовите „плачеш како девојче“.
Ако тоа се случи во детството, детето учи да ги потиснува своите емоции, да „голта солзи“ во моментите кога плаче, за да не предизвика потсмев, осуда или екскомуникација, од семејството или пријателите.
Сепак, психолозите истакнуваат дека плачењето е многу важно и корисно за здравјето:
1. Солзите помагаат да се воспостави близок контакт
Ако ви е тешко да ја отворите душата и да ја споделите тагата со другите, но треба да го направите тоа, солзите ќе ви помогнат. Кога некој плаче, се отстрануваат многу бариери меѓу него и другите. Таа личност станува поотворена, а другите покажуваат поголема нежност, тие се погрижливи, луѓето се зближуваат еден со друг. Плачењето влијае на основните инстинкти на луѓето и ги поттикнува да се грижат за личноста која плаче. Затоа солзите се еден од начините на манипулација.
2. Тие ви дозволуваат да продолжите понатаму
Солзите ќе ви помогнат да се ослободите од она што ве мачи, ве стиска, она што е неподносливо.
Кога ќе се ослободите од премногу емоции, „камен ви паѓа од срце“, главата ви се расчистува – добивате поинаков увид во ситуацијата, можете да ја видите од друг агол… За да разберете зошто се случило, што точно ве вознемирило … Сè што ви овозможува да продолжите понатаму кога сте подготвени.
3. Ги намалува стресот и напнатоста
Плачењето е моќен одбранбен механизам на телото. Дури и ако не го елиминира целосно стресот, значително ќе го ублажи. Ова ќе му помогне на вашето тело да се смири и да го активира парасимпатичкиот нервен систем. Исто така, предизвикува благо ослободување на ендорфин, што моментално ве прави посреќни. Кога ќе се ослободите од она што ве мачи, веднаш ќе ви биде полесно, барем малку.
4. Ја покажува вашата човечка страна
Не е срам да плачете, тоа не ве прави слаби или помалку вредни. Солзите велат дека сте само човек кој има проблеми како и сите други, на кој понекогаш му е тешко. Плачењето е всушност начин да се бориме со нашите емоции, наместо да ги потиснуваме.