петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

Лекција од познатиот психијатар Сигмунд Фројд: Како да се заштитите во животот од злобните и глупави луѓе

Лекција од познатиот психијатар Сигмунд Фројд: Како да се заштитите во животот од злобните и глупави луѓе

Најпознатиот психијатар и татко на психоанализата, Сигмунд Фројд, ни оставил генијални мудрости и изреки за сите времиња. Меѓу нив е и лекцијата која секој треба да ја запомни – како да препознавате глупави луѓе.

„Првиот знак на човековата глупост е целосно отсуство на срам.“

Легендарниот психијатар многу брзо ја откривал човечката глупост, а како и ние да ја препознаеме, советувал во познатата негова реченица: „Првиот знак на човечката глупост е целосното отсуство на срам“.

Па така, кога ќе се најдете во ситуација да се засрамите од туѓото однесување или изјава, или пак сте изненадени од некои небулозни постапки – веднаш знаете со кого си имате работа.

„Доколку не ве ценат, не се докажувајте – само бидете свои!“

Не е ваш проблем, нивен е. Не ги намалувајте критериумите поради тоа, не правете сè што ќе побараат од вас – не бидете нивен „кловн“. Бидете сигурни дека тоа ќе го искористат во одреден момент, таква е природата на луѓето.

Кога им „давате еден прст“ – тие ја земаат целата рака. На крајот, поради сè, навистина нема да ве ценат, па сè што сте направиле и поминале ќе биде залудно. Ако не сте ценети, не докажувајте се – бидете свои. Не ја намалувајте цената на вашето достоинство како би стекнале доверба, и онака нема да ја добиете.

„Ако не ви веруваат – немојте да им се правдате.“

Кога не сакаат да ви веруваат – нема. Ќе го искористат тоа за лоши намери. Доволно е и покрај сè да останете верни на себе и ќе видите како работите сами ќе се променат по некое време.

Но, не очекувајте промени преку ноќ. Вистинските луѓе, порано или подоцна ќе ја откријат вашата вредност. Кога ќе најдете такви луѓе, држете ги како „капка вода на дланка“, а другите игнорирајте ги.

Вашите очи нема веднаш да ја забележат вредноста на таквите луѓе, но една кога ќе ги препознаете, не дозволувајте ништо да ве оттргне од нив.

Кога ќе станете најдобрата верзија од себе, ќе се појават луѓе чие присуство ќе стане вистинска авантура на заедничкиот живот. Тогаш вашиот заеднички живот ќе стане она што отсекогаш сте го посакувале.