четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

Летово беше најжешкото досега

Летово беше најжешкото досега

Летото оваа година беше најжешкото досега регистрирано, бидејќи климатската криза и феноменот Ел Нињо ги зголемија температурите и предизвикаа екстремни временски услови ширум светот, пишува денеска Гардијан.

Во јуни, јули и август, просечната глобална температура достигна 16,77 степени Целзиусови, што било 0,66 степени над просекот од 1991 до 2020 година.

Податоците од Службата за климатски промени на ЕУ, Коперникус (C3S), покажаа дека август бил околу 1,5 степени потопол од прединдустрискиот просек за периодот од 1850 до 1900 година.