Луѓето од крвната група 0 (нулта) се посебни, бидејќи токму тие можат да дадат крв на секого, но можат да примат крв само од својата група (нулта). Но не е само тоа што ги прави посебни.
Тие имаат способност да бидат одлични водачи и лидери, но сепак и се по склони да се разболат од било каква болест. Сепак, тие се многу моќни и продуктивни.
Најсклони се на болести како на пример: чир на желудникот, лоша функција на тироидната жлезда и недостаток од јод. Луѓето од овој тип на крвна група се фокусирани, свесни и практични личности. За нив се верува дека се побистри и пологични од другите.
Покрај овие карактеристики тие се познати како и многу хиперактивни и импулсивни и кога се под стрес, тие можат многу да се налутат. Имаат и штетен метаболички процес, како што е отпорност на инсулин, како и дебелина.
Имаат и поголемо ниво на киселина во желудникот па затоа се склони кон чирови. Луѓето од оваа крвна група треба да избегнуваат кофеин и алкохол, бидејќи го подига нивото на адреналин, а тоа е веќе на висок степен кај луќето од нулта крвна група. Се препорачува физичка активност од 3 до 4 пати неделно.