Парискиот музеј Лувр денеска отвора изложба посветена на 500-годишнината од смртта на славниот сликар Леонардо да Винчи. На неа ќе се најдат дела на уметникот од самиот трезор на музејот, но и од други институции ширум светот.
Изложбата ќе опфати околу 160 негови дела – слики, десетина научни трудови и нацрти, како и слики на други уметници од неговото опкружување.
Посетителите ќе можат да уживаат и во виртуелен приказ посветен на „Мона Лиза“ – можеби најпознатото дело на Да Винчи, коешто се наоѓа во редовната постава на парискиот музеј.
Изложбата ќе трае до 24 февруари следната година. Лувр до понеделникот имаше продадено 220.000 влезници.