Мачка заспала во машина за перење, а нејзините сопственици ја вклучиле да работи. Сепак, двегодишниот Оскар го преживеал грозоморното искуство, пишува Daily Mirror.
Сопствениците на мачката, кои живеат во Австралија, ја наполниле машината за перење со постелнина и ја вклучиле без да се сомневаат дури и дека нивното домашно милениче е внатре. Кога машината почнала да се полни со вода и тапанот да се врти, тој почнал да прави грозни звуци и да моли за помош.
Аманда Мередит и нејзиниот сопруг Ангело првично мислеле дека извиците доаѓаат од плакарот или шкафовите и почнале да ги отвораат еден по еден во потрага по Оскар.
“Кога конечно го најдовме, тој ги потпираше шепите на внатрешноста на капакот, се вртеше и ме гледаше директно во окото. Беше трагична глетка”, рече Аманда.
Мачката поминала цели 12 минути со многу топла вода, прашок за перење и омекнувач на ткаенина.
Аманда Мередит тврди дека по инцидентот, Оскар често седел и ја гледал машината за перење додека работела.