Едноставен и интересен тест за личноста може да открие како се однесувате во љубовните врски и каде грешите.
Кога ќе помине почетниот период од врската, обично се појавуват и првите проблеми. Нормално секој пар има недоразбирања, а дали врската ќе опстане зависи од тоа колку и „двете страни“ во врската се заинтересирани.
Секој и ма свои предности и слабости на љубовно поле, а со помош на оваа фотографија на Олег Шулијака можете да дознаете во што најмногу грешите.
Погледнете ја фотографијата и запомнете кои детали првин сте ги забележале.
View this post on Instagram
Во продолжение можете да ги прочитате сите одговори:
Човек со качулка
Без разлика колку и да сте заљубени, вашите врски доживуваат крах поради расправиите.
Секој знае повремено да се налути или да се изнервира, но можно е и вие да знаете да претерате во некои ситуации.
Не заборавајте дека со зборови можете да ја повредите „дугата половина“. Обидете се да изброите до десет пред во афект да изговорите нешто што саканата личност би ја навредиле и преку која таа не би можела да помине.
Лицето на Мона Лиза
Доколку на фотографијата прво го забележите лицето на Мона Лиза, вие претерано го романтизирате животот. Затоа и не е чудо што често се разочарувате.
Животот е пол со убави моменти и ситници во кои можете да уживате, но вашите очекувања по некогаш и затоа реалноста може лесно да ве разочара. Не се трудете да бидете совршени, ниту да барате од „другата половина“ да биде совршена, тоа постои само во бајките.
Лице на постар маж
Доколку забележавте лице на постар маж, тоа открива дека вие веројатно се плашите од расправии и ги избегнувате.
Вас секоја расправија ви делува страшно и се ќе направите за да ја избегнете. Меѓутоа, комуникацијата со партнерот е неопходна, се со цел врската да напредува и да се развива.
Човек со бела брада во десниот агол на фотографијата
Доколку забележавте човек со долга брада, ваша тајна слабост во долгорочните врски е недостатокот на самодоверба.
Не можете да имате целосна доверба во својот партнер, дури иако не ви дал повод за тоа.
Човек кој седи на камен во далечина
Ваша слаба точка во врските е тоа што имате тенденција да се изолирате и оладите кон партнерот.
Понекогаш претерано се оддалечувате од своите најблиски иако нивната поддршка многу ви значи.
Нормално, потребно е повремено да се посветите на себе, но доколку сакате вашата врска да успее морате да ја негувате и да и покажете на „другата страна“ колку ви значи. Квалитетното време кое го поминувате заедно може значајно да го поправи вашиото однос.