Ако можете да ја забележите празната чаша во ова скривалиште за помалку од пет секунди, тогаш имате навистина одличен вид.
Празната чаша е сокриена во морето од топли пијалоци, а оваа слика е дело на унгарскиот уметник Џерѓели Дудаш, познат како Дудолф, пишува „The Sun“.
Неговите уметнички дела ги предизвикуваат луѓето внимателно да ја погледнат сликата, за да пронајдат нешто што не ѝ припаѓа.
Во овој предизвик велат дека една чаша не ѝ припаѓа на сликата, празна е и така се издвојува од останатите.
Сепак, само оние со изострен вид ќе успеат да ја пронајдат, а ако ви треба помош – гледајте на левата страна од сликата.
После „скенирањето“ горе-долу, треба да ја пронајдете празната чаша.
Ако сепак не успеавте да ја пронајдете, погледнете го решението во продолжение.