На прашањето: Кој е вашиот омилен број?, најголем дел од луѓето одговараат исто – седум. Ова го покажуваат бројни истражувања, па и последното кое било спроведено на примерок од 44.000 лица.
Но, зошто баш овој број?
-Оваа причина веројатно никогаш нема да биде позната, вели авторот на студијата за броевите Алекс Белос.
Но, тоа е приказна која опстојува низ историјата.
Постојат седум светски чуда, седум дена во неделата, седум циклуси во универзумот, седум смртни гревови и седум основни музички ноти. Седмица на лото, исто така.
Кај Кинезите тоа е многу симболично, бидејќи „седмица“ звучи слично како и зборот „возвишеност“. Тие го слават и како број кој носи среќа во врската.
Во хебрејската традоција се поврзува со интелигенцијата, а се верува дека постојат седум светски денови во годината.
Во будизмот седум е бројот на починатите, а се говори и дека Буда направил седум чекори на своето раѓање.