понеделник, 11. март 2024. Вести денес: 0
home Занимливости

Моќта на бројот 7: Зошто се вели дека е среќен и што е поврзано со неговото значење?

Моќта на бројот 7: Зошто се вели дека е среќен и што е поврзано со неговото значење?

Дали верувате во нумерологија? Зошто бројот 7 се појавува речиси во сите среќни комбинации на броеви?

Ако се разгледа од повеќе аспекти, бројот 7 е навистина посебен. На пример, има седум денови во неделата, виножитото има седум бои, тонската скала има седум основни ноти, во светот има седум континенти, а и многу игри на среќа, на пример лото, се поврзани токму со овој број.

Божествениот број

Луѓето кои се посветени на духовноста, од најстари племиња, па до денеска, веруваат дека бројот 7 носи важна вселенска улога. На некој начин, во многу религии овој број симболизира нешто позитивно и свето.

Неделата е поделена на седум денови во согласност со месечевите мени. Математички, бројот 7 е прост број кој може да се запише како 2^3-1 (2 на трет степен минус 1), што вклучува повеќе математички операции, без оглед што се работи за прост број.

Уште во индиските веди стојат описи на седумте ѕвезди, седумте концентрични континенти и седумте свети течности кои Ариевците ги пиеле во текот на своите обреди.

Во египетската митологија, постојат седум патишта до небеста, а во будистичките верувања, штотуку родениот Буда направил седум чекори. Пред да стане република, Рим имал седум кралеви, а исто е изграден и на седум ридови.

Нумеролошки, 7 е збир на 3 односно бројот на духовноста и 4, бројот на материјалното.

Алхемичарите верувале дека има седум етапи на хемиското и духовното прочистување, во древна Јапонија се верувало дека има седум богови кои носат среќа, а во многу традиционални лекови се ставаат по седум состојки. Ирците имаат митски херој со по седум прсти на рацете и седум зеници во секое око.

Во христијанството исто така е значаен. Бог го створи светот за седум денови, Ное доби предупредување за потопот седум денови претходно, а почекал уште седум денови потоа за да ги пушти птиците да најдат копно. Постојат уште библиски приказни поврзани со овој број. Во евангелијата се вели дека Исус учел дека ако некој се кае, треба да му се прости седум пати во тој ден.

Исто, значајно е да се спомне дека постојат седум смртни гревови, седум чакри во нашето тело, седум градации на рајот во Исламот… Спиритуалистите веруваат дека наскоро треба да се појават уште две раси луѓе, кои со постоечките пет ќе ги комплетираат седумте раси во светот.

Затоа, доколку почувствувате дека овој број е пречесто околу вас и ве дефинира на повеќе начини, не го отфрлајте. Прифатете го како свој среќен број и верувајте во неговата моќ.

Ништо не е случајно, па така ни фасцинацијата од бројот 7.