петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

Морничава исповед на вдовица на џихадист: Силуваше девојчиња пред мене, не знам дали некогаш ќе успеам да се вратам дома

Морничава исповед на вдовица на џихадист: Силуваше девојчиња пред мене, не знам дали некогаш ќе успеам да се вратам дома

Саманта Сали е вдовица на Муса Елхасани, терорист од Исламска држава, кој загина во воздушен удар од дрон минатата година. Таа сега со четирите деца се наоѓа во сириско-курдски притвор и не знае дали некогаш ќе може да се врати во куќата во САД.

Според нејзините зборови, животот во калифат подразбира редовни силувања, мачења, насилства и снимање пропагандни видеа за ИД.

Елхасани нејзе ја наговорил да даде отказ во фирма во која заедно работеле во Индијана и се преселиле на една година во неговото родно Мароко, каде таа би можела евтино да го оперира коленото и каде би можела да почне од почеток. Пред тоа отишле во Хонг Конг, од каде ги префрлиле нејзините пари од САД, а потоа во Турција на одмор, барем така и кажал мажот.

Иако нејзината рута била типична за доброволците на ИД кои сакаат да го избегнат вниманието при заминувањето во Сирија, Саманта тврди дека не била свесна за планот се додека не дошле во град на границата меѓу Турција и Сирија. Таму ја затворил заедно со двете деца, постариот син од претходниот брак со американски војник и помладата ќерка, која ја добила со Елхасани, уверувајќи ја дека надвор е „премногу опасно“. После неколку дена ја натерал да ја помине границата со него.

Сали не е сигурна дали некогаш ќе смее повторно да оди во Америка, за што моментално одлучуваат тамошните власти.

Бев како затвореник

-Му бев како куче. Стана многу насилен и ништо не му можев. Ништо, раскажува Сали.

Сали вели дека ја тепале, мачеле, и го ограничувале движењето и повеќе пати силувале.

Останав трудна, и кога била бремена ја затвориле во затвор на три месеци „поради наводна шпионажа за САД“.

Маж и силувал робинки пред неа

Еднаш и рекол дека ќе и купи слуга за да и биде полесно и да не биде сама во куќата и ја одвел на пазар каде што се препродаваат човечки робови. Кажала дека тогаш ја видела 17 годишната Соад, која била киднапирана и продавана за 10.000 долари.

Го молела да ја купат со парите кои ги донеле уште од САД и ја одвела во куќата.

-Не ми беше грижа за парите, морав да ја спасам, раскажува Сали.

Но, сопругот Елхасани наскоро почнал да ја силува таа девојка. После тоа за уште пари купил друга девојка, уште помлада, која се викала Бедрине. Купиле и едно момче, кое е викало Ахам, кој им бил слуга.

Кога ќе ја прашаат дали денес и је жал и дали се чувствува крива за силувањето на тие девојки, таа вели дека овие работи се случуваат секаде и дека знаела дека таа, кога ќе загине Елхасани во борба, ќе им пружи шанса да се спасат.

-Никој не знае како е кога мораш да го гледаш својот сопруг како силува 14 годишно девојче. И кога таа ќе ви дојде после тоа да ја гушнете и плаче. И морате да и кажете дека се ќе биде добро, само да се стрпи.

Сопругот загинал во борба, а таа завршила во затвор

После уште повеќе бројни одвратни ситуации, во кои борци од ИД тепале и деца, промената се случила кога Рака беше бомбардирана од дрон. Во тој напад загинал нејзиниот сопруг злоставувач, Елхасани. Целото семејство побегнало од Рака на половината на минатата година.

ФБИ агенти веќе ја испитувале, но се уште не донеле обвинение или авионска карта за враќање дома. Главното прашање кое службите, но и медиумите го поставуваат е дали Сали навистина била само талкач на својот сопруг терорист или доброволна учесничка, посебно затоа што живеела со него во Рака, скоро од самиот почеток на калифатот се до падот на неговата „престолнина“, кога и ја напуштила во конвојот на џихадистите и нивните семејства кои се курдски борци прифатија да ги пуштат во замена за предавство.