петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

Му го исполнија животниот сон: Соиграчите на својот голман му подарија Голф двојка (ВИДЕО)

Тихомир живее скромно, чесно и гордо, заедно со својата мајка и сестра. Баш овој автомобил тој го имал на позадината на својот компјутер и за него ова било остварување на сонот.
Му го исполнија животниот сон: Соиграчите на својот голман му подарија Голф двојка (ВИДЕО)

На позадината на својот компјутер 18 годишниот Тихомир Куљиљ имал фотографија од популарната Голф двојка. Јуниорот на тимот Младост од Забок од саботата го живее својот сон затоа што колегите соиграчи за роденден му го поклониле баш тој автомобил.

Од Забок, Хрватска, стигнува прекрасна спортска и човечка приказна. Јуниорите на тамошниот тим Младост, заедно со тренерот Дамир Сребачиќ и играчот Денис Цељак за својот голман Тихомир Куљиљ за 18-от роденден му купиле Голф 2, пишува zagorje.com.

Тихомир живее скромно, чесно и гордо, заедно со својата мајка и сестра. Баш овој автомобил тој го имал на позадината на својот компјутер и за него ова било остварување на сонот.

Неговите пријатели од клубот во тајност собирале пари за купување на автомобилот, а за неговото носење до клупските простории биле задолжени Мирко Храстински и Миљенко Цељак, чии синови ги бранат боите на овој тим.

На Тихомир му било кажано дека велика сабота има натпревар, а додека тој се спремал во соблекувалната „црвената Кристина“ со машничка била поставена пред ресторанот во СРЦ Засека. Кога Тихомир го погледнал подарокот, се фатил за глава и не можел да верува.

-Едноставно не можам ова чувство да го опишам со зборови. Момците ми го исполнија животниот сон. Едноставно се уште не можам да дојдат при себе, изјави Тихомир пред камерите.

За неговото семејство доаѓаат подобри денови. Неговата сестра се вработила, а Тихомир работи на пракса во ресторан за што добива пари.

-Тихомир го знам од шесто одделение, откако тренира во нашиот клуб. Малку е своеглаво, но чесно момче. Како и сите знаеше да има свои мушички, но успеав да го одведам на прав пат. Тихомир е вредно, одговорно и чесно момче, а целта на нас ни е такви момчиња да излегуваат од нашата школа, изјави Дамир Сребачиќ, тренерот на младинскиот погон на тимот.