среда, 27. декември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

Му се смее цел свет: Поради оваа семејна фотографија сите зборуваат за австралискиот премиер

Му се смее цел свет: Поради оваа семејна фотографија сите зборуваат за австралискиот премиер

Австралискиот премиер, Скот Морисон е изложен на исмевање на социјалните мрежи, откако членовите на неговиот кабинет ја фотошопирале неговата фотографија, така што излегла како да има две леви нозе.

На семејната фотографија на Морис, која требало да биде поставена на неговиот личен сајт, се гледа како тој носи невообичаени бели патики и тоа двете биле за лева нога.

Фотографијата многу брзо предизвикала бурни реакции на социјалните мрежи, на кои корисниците го навредувале и исмевале Морисон.

Портпаролот на премиерот набрзо изјавил дека Морисон не ја авторизирал таа фотографија.

Премиерот се огласил на Твитер и ги посоветувал своите луѓе дека подобро би било, ако веќе фотошопираат нешто, да му ги отстранат влакната на нозете, а не патиките, на кои ништо не им недостасува. Дури сам ги фотографирал своите нозе и објавил фотографија на која се гледа како всушност изгледаат патиките.

Инаку, мора да споменеме дека Морисон е човек кој инсистира на имиџ на обичен човек. На работа оди со воз, како и повеќето граѓани, па ова исмејување воопшто не го прифатил лесно.