среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

На денешен ден Чернобил стана град на духови- еве како изгледа денес, храбри голи манекенки позираат на секаде (ФОТО)

На денешен ден Чернобил стана град на духови- еве како изгледа денес, храбри голи манекенки позираат на секаде (ФОТО)

Чернобил била првата нуклеарна централа во советска Украина, предводник на мирнодопската програма за атомска енергија на СССР.

Катастрофата се случила на 26 април 1986 година, кога еден технички експеримент тргнал на лошо, предизвикувајќи четвртиот реактор да се прегрее и да го зголеми притисокот, а потоа и да експлодира.

На советските власти им бил потребен цел ден за да го сфатат обемот на катастрофата и да наредат целосна евакуација на централата и на околното гратче. За три часа 50.000 луѓе го напуштиле градот, не знаејќи дека никогаш повеќе нема да се вратат. Во наредните седум месеци биле правени огромни напори да се деконтаминираат погодените зони и да се обложи четвртиот реактор, кој две недели испуштал чад од загаден отпад, и покрај очајничките напори да се запечати.

Украина, Русија и Белорусија претрпеле најголема штета, иако низ цела Европа била забележана зголемена радијација.

Додека четвртиот реактор бил непоправливо оштетен, другите делови од нуклеарната станица останале функционални. Изгасени веднаш по експлозијата, реакторите 1, 2 и 3 биле повторно вклучени помеѓу октомври 1986 и декември 1987 година. Чернобил продолжил со производство на нуклеарна енергија до декември 2000 година.

Последиците од Чернобил продолжуваат да претставуваат опасност по човековото здравје, речиси три децении по катастрофата.

Спасувачите што се справувале со катастрофата претрпеле огромни последици по здравјето и починале.

Среде Европа постои огромна неупотреблива област и зголемен ризик од канцер.

Сега нивоата на радијација се паднати доволно за да може да се направи кратка посета, а Чернобил е интересна дестинација за научниците и авантуристите.

 

Некогаш славниот град на инженери и научници сега е место на духови, населен со диви животни и распаднат од забот на времето и напуштеноста.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ömer Serkan Bakır (@osbakir)

Инаку по големата популарност на серијата „Чернобил“ повторно фрли светло на најголемата нуклеарна катастрофа во историјата. Голем број туристи почнаа да го посетуваат местото, а помеѓу нив се најдоа и неколку полуголи манекенки кои позираа во околината на Чернобил.