четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

На денешен ден е роден Алберт Ајнштајн

На денешен ден е роден Алберт Ајнштајн

На 14 март во 1879 година во Улм, Германија бил роден Алберт Ајнштајн, американски физичар, Евреин со германско потекло, најистакнат теоретичар на новата епоха во физиката.

По доаѓањето на Хитлер на власт, Ајнштајн се откажал од германското државјанство и емигрирал во САД.

Покрај „Општата теорија на релативитетот“ го објавил и „Законот за фотоелектричниот ефект со помош на квантната теорија“ и во 1921 година ја добил Нобеловата награда за физика.

Ајнштајн објавил преку 300 научни и над 150 ненаучни дела. Има статус на слава во заедницата на физиката, а магазинот Тајм во 1999 го именува како „Личност на векот“. Во пошироката култура, името „Ајнштајн“ стана синоним на генијалност.

Умрел во Принстон, на 18 април 1955 година. По смртта на Ајнштајн, за време на аутопсијата му биле извадени мозокот и очите, при што во 1955 година очите му биле предадени на неговиот личен офталмолог Хенри Абрамс, кој ги чувал до 2009 година. Потоа, тие се чувале во сеф во Њујорк.