На Гренланд, под ледените брегови е откриен нов вид риба, што има способност да се прилагоди на живот во екстремни услови. Според начниците, низ телото на рибата тече флуоресцентен зелен „природен антифриз“, којшто всушност, содржи високо ниво протеини што го спречува замрзнувањето на суштеството.
– Протеинот од антифризот се лепи на површината на малите кристали мраз и ги спречува да прераснат во големи кристали… Факт е дека овие протеини пронајдени во рибите ја покажаа способноста на овие организми да се приспособат и да преживеат во екстремни живеалишта, вели соавторот Дејвид Грубер, научен соработник во Американскиот музеј за природна историја и професор по биологија на Универзитетот на Њујорк.
Според него, рибите од Северниот и Јужниот Пол независно ги развиле овие антифриз-протеини. Тие првпат се откриени кај некои риби коишто живееле на Антарктикот пред речиси 50 години. За разлика од ладнокрвните влекачи и инсекти, рибите не можат да преживеат доколку се замрзнат течностите во нивното тело, бидејќи тогаш во нивниот крвоток се создаваат кристали мраз. (МИА)