Натпреварувачка во познатиот квиз „Кој сака да биде милионер“, кој во минатото го имаше и во нашата државата, се „прослави“ на едно од првите, полесни прашања.
На 26 годишната Су Ајхан и беше поставено прашање каде се наоѓа Кинескиот ѕид, а понудени одговори и беа Кина, Индија, Јужна Кореја и Јапонија.
Су не беше сигурна, па за помош искористи два џокери. Прво побара помош од публиката, која со 51 процент гласаше за Кина. На младата Турчинка тука сепак не и проработи логиката, па го искористи и џокерот повикај пријател, на крај сепак го заклучи одговорот со точен одговор.
Иако на ова прашање се „извлече“, милионот сепак не го освои, падна на следното прашање.