недела, 26. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

НА ОВОЈ ХРВАТСКИ ОСТРОВ ИМА САМО ТРИ КУЌИ – доколку сакате да го видите вистинскиот рај на земјата, време е за местото од спотовите на Оливер Драгојевиќ (ФОТО)

НА ОВОЈ ХРВАТСКИ ОСТРОВ ИМА САМО ТРИ КУЌИ – доколку сакате да го видите вистинскиот рај на земјата, време е за местото од спотовите на Оливер Драгојевиќ (ФОТО)

Островот Губеша што се наоѓа во заливот Градина кај хрватскиот остров Корчула, е идеално место за бегство од секојдневието.

Римјаните во антиката изградиле луксузна вила во рустикален стил на островчето. Денеска се видливи темелите на ѕидовите, остатоци од складиштето за вода и ќерамика. Има и делови од системот за греење и од мозаик-подови. Римјаните тука саделе маслинки и бројни лековити растенија. Должината на крајбрежјето е 392 метри, а копното се издига на 10 метри од морето.

Поради својата убавина, островот послужил и како инспирација за спотови на Оливер Драгојевиќ, Мери Цетиниќ и други познати хрватски музичари.

Доколку се решите за го посетите ова привлечно место, треба да се знае оти нема организиран превоз. Имено, овде има само три рибарско-селски куќи, од кои две може да се изнајмат.